Како најискусен член на македонската олимписка експедиција, Ставре Јада прв го отвори настапот на Зимските олимписки игри во Кортина, појавувајќи се на денешната крос-кантри трка. Во квалификациите Јада го освои 89. место во конкуренција од 94 скијачи, со време од 3 часа, 59 минути и 56 секунди, заостанувајќи повеќе од 52 минути зад победникот Јоханес Клаебо.
За Јада ова нема да биде единствениот настап во Кортина, бидејќи нов предизвик го очекува и на 13 февруари. Еден ден претходно, на 12 февруари со почеток од 13 часот, македонските бои ќе ги брани и Ана Цветановска, која ќе настапи на трката на 10 километри во женска конкуренција во нордиско скијање.
Во алпските дисциплини, Македонија ќе ја претставува Виктор Петков, кој ќе се појави на велеслаломската трка на 14 февруари, при што првата трка е закажана за 10 часот. Ден подоцна, на 15 февруари, во истата дисциплина ќе настапи и Јана Атанасовска. Токму Атанасовска ќе го има и последниот македонски настап на ЗОИ 2026, откако на 18 февруари ќе се натпреварува и во слалом.

Leave a Reply