„Состојбата во Шкупи уште е алармантна, луѓето кои го водеа се обвинети за местење натпревари“

by

in

Екипата на Шкупи поминува низ турбулентен период, а на социјалните мрежи сега повторно се огласија навивачите на чаирскиот клуб.

Тие посочуваат дека состојбата и понатаму е алармантна, но и дека сопствениците на клубот се обвинети за местење натпревари.

„Сведоци сме дека состојбата во клубот беше и сè уште е алармантна. Сведоци сме дека во изминатиот период, особено во последните 2–3 години, во огромна мера се злоупотребуваше и манипулираше, а што е најлошо од сè – беше изгубено достоинството и идентитетот на клубот. Беше ограбено и опљачкано сè што можеше да се ограби и опљачка.

Клубот и оние кои го водеа во минатото се обвинети за корупција и мито, за финансиски злоупотреби, за неплаќање на обврските кон играчите и вработените во клубот, за сомнителни и фиктивни договори со играчи, вработени и други субјекти, а она што е најлошо за еден клуб и спортско здружение – се обвинети и за местење натпревари и манипулација со резултати. За сите овие работи поседуваме докази, поткрепени со факти и документација“, стои во дел од реакцијата.

Шкупи по првиот дел од сезоната се наоѓа на последното место на табелата со само еден освоен бод.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *