Голема трагедија: Почина ќерката на поранешен фудбалер на Шкупи

Поранешниот македонски шампион Шкупи објави дека се случила трагедија во семејството на нивниот поранешен фудбалер Фреди Алварез.

Утрово почина ќерката на фудбалерот кој играше за Шкупи во 2022 година, а Шкупи објави соопштение.

„Со длабока тага ја примивме веста дека починала ќерката на нашиот поранешен фудбалер Фреди Алварез. Оваа тажна вест го шокираше цело семејство на нашиот тим“, објави Шкупи.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *