Во стилот на Суарез: Француска рагбистка гризна противничка (Видео)

—

by

in

Француската рагбистка Аксел Бертомје (25) доби суспензија од 12 натпревари, откако дисциплинската комисија утврди дека на четвртфиналниот меч од Светското првенство против Ирска во Ексетер (18-13) ја гризнала една од противничките.

Иако Франција обезбеди место во полуфиналето, Бертомје нема да може да настапи на дуелот со Англија, бидејќи ќе ја одработува казната. Првично, на неа ѝ беше изречена забрана за настап на 18 средби, но санкцијата беше намалена на 12 поради тоа што рагбистката ја призна вината и покажа искрено жалење за инцидентот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *