Дејан Митровски – Урко избран за член на Одборот на директори на ВАКО Европа

by

in

На Генералното собрание на ВАКО – Европската кикбокс федерација, македонскиот спорт доби значајно признание. Дејан Митровски – Урко е избран за член на Одборот на директори на ВАКО Европа, тело кое ќе ја креира политиката и ќе управува со европската кикбокс организација во наредните четири години.

Митровски, кој важи за еден од најистакнатите спортски лидери во регионот, веќе успешно ја води Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, како и ВАКО Балканската федерација каде што е претседател. Неговата работа и углед му донесоа едногласна поддршка за влез во највисокото раководно тело.

За претседател на ВАКО Европа беше избран Норвежанецот Еспен Лунд, а покрај тоа беа назначени и членови на повеќе комисии и одбори. На Собранието се усвоија завршната сметка за 2024 година, финансискиот план за 2025, како и низа тековни документи важни за функционирањето на федерацијата.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *