Македонија ќе имаа претставници на Европкото јуниорско кик-бокс првенство во Италија, познати и противниците

by

in

Направен е жребот за Европското јуниорско првенство во Италија, а веќе се познати и првите ривали на македонските претставници.

Минатогодишната светска шампионка Марија Димовска ќе стартува директно од полуфинале каде што ја очекува борба со Турчинката Карадаш Рабија. Истата патека ја има и ланскиот светски вицешампион Лука Змејковски, кој во полуфиналето ќе се соочи со Гркот Еманоуилидис Јоанис.

Андријано Димишковски ќе настапи уште од осминафиналето и таму ќе се бори со Немања Глигориќ од Босна и Херцеговина, додека Калин Бабовски ќе има турски предизвик во ликот на Карагац Хусеин.

„Андријано и Калин се пријавени во иста категорија, што е дозволено со правилата. И двајцата се исклучително квалитетни борци и со право добија место на ова првенство. Нашите главни адути се Марија Димовска, која по повредата се враќа во врвна форма, и Лука Змејковски. Но и другите двајца се голема надеж за иднината“, изјави селекторот Дејан Митровски-Урко, додавајќи дека стручниот штаб интензивно работи на тактиките и анализа на противниците.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *