Ивановски во исклучително тешки услови го заврши маратонот во Токио – над 30 натпреварувачки се откажаа! (Видео)

by

in

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски ја продолжи својата голема спортска приказна, откако по настапот на Олимписките игри минатата година, ноќеска го истрча и маратонот на Светското првенство во Токио.

Во исклучително жешки и тешки услови, Ивановски ја заврши трката со време од 2:26:31, што е далеку од неговиот личен рекорд (2:08:26), но доволно за да го заземе 58. место. Од вкупно 90 натпреварувачи кои стартуваа, до целта стигнаа само 66, што уште повеќе ја нагласува упорноста на македонскиот маратонец.

По минувањето на целната линија, Ивановски со бакнување на државното знаме на својот дрес уште еднаш покажа колку силно ја носи Македонија во срцето.

Светската титула замина кај Танзанецот Алфонс Феликс Симбу (2:09:48), среброто го освои Германецот Аманал Петрос, а бронзата заврши кај Италијанецот Илијас Ауани.

View this post on Instagram

A post shared by Trcam jas, trcaj i ti (@trcam_jas_trcaj_i_ti_)


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *