За првпат Македонц возеше во Формула 4! (Фото)

—

by

in

Младиот македонски возач Стефан Тренески влезе во историјата како прв претставник од нашата земја што настапил во Формула 4, дебитирајќи на реномираната патека „Словакиаринг“ во Словачка.

Само 17-годишниот Тренески, кој е актуелен победник на Формула 4 ЦЕЗ Академијата, настапи за тимот „Јаник Моторс“ и со одлична изведба напредуваше од 17. до 13. позиција.

„Успеав од 17. тата позиција да се искачам до 13-тата. До крајот на вкендот имав одлична брзина и конзистентност. Научив многу и ссигурен сум дека следната сезона ќе се борам и заа врвот на Централноевропскиот шампионат. Голема благодарност до Јаник Моторс и сите кои ме поддржаа овој викенд“, објави Тренески на социјалните мрежи.

Последниот натпревар од оваа сезона ќе се вози на 6 и 7 септември во Брно, Чешка.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *