Поранешната олимписка шампионка Лаура Далмајер почина по тешката несреќа на планина во Пакистан, а нејзиниот тим ја потврди тажната вест и откри нови детали поврзани за нејзиниот живот.
Нејзиното семејство ја испочитувало последната желба која ја имала Далмајер, а тоа е нејзиното тело да остане на планина доколку го загуби животот додека освојува врвови ширум светот.
Германската биатлонка го загуби животот во несреќа во пакистанскиот планински венец Каракорум, кога беше погодена од одрон камења во понеделник на околу 5.700 метри надморска височина.
Фото: Принтскрин
Leave a Reply