Поради воената состојба: Македонија и Израел ќе играат пред празни трибини

by

in

Викендов Струмица ќе биде центарот на одбојкарските возбудувања, каде македонската репрезентација ќе го организира третиот турнир во рамките на Европската златна лига. Нашите одбојкари ќе ги одмерат силите со селекциите на Израел и Црна Гора, но турнирот ќе се одвива под специфични услови.

Како што информираше Одбојкарската федерација на Македонија, поради зголемената безбедносна загриженост поврзана со актуелната воена состојба и затегнатите односи меѓу Израел и Иран, дел од натпреварите ќе се одиграат без присуство на публика.

Натпреварот меѓу Македонија и Израел, закажан за петок (20 јуни) во 20:00 часот во спортската сала „Парк“ во Струмица, ќе се игра зад затворени врати. Истото ќе важи и за дуелот помеѓу Израел и Црна Гора, кој ќе се одигра во сабота (21 јуни) во ист термин и на истата локација.

Фото: Принтскрин