Jaшари: Имаше контакти со Македонија, но за мене беше опција само Швајцарија

Ардон Јашари кој во минатото беше дел и од младинските категории на македонската репрезентација бидејќи е роден во нашата земја утре ќе биде на спротивната страна во дресот на Швајцарија.

Тој присуствуваше на прес-конференција каде што не криеше дека кога Швајцарија го повикала не размислувал премногу.

„Последен пат во Македонија бев ова лето, со мојата фамилија. Во минатото бев контактиран за да играм за Македонија, но кога добив повик од Швајцарија веднаш го прифатив. Немав дилеми бидејќи сум роден во Швајцарија, таму сум образован и за мене само оваа земја беше опција“, изјави Јашари.

Македонија и Швајцарија ќе ги одмерат силите утре во терминот од 20:45 часот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *