Каземиро зборуваше за можноста Лионел Меси повторно да ја освои „Златната топка“, а Бразилецот посебно го истакна настапот на Аргентинецот на Светското првенство.
„Меси да ја освои ‘Златната топка’? Со него сè е можно…“, изјави Каземиро.
„Она што го направи на Светското првенство… ВАУ. Но, тоа е одлука на гласачите. Му посакувам сè најдобро“, додаде тој.
Каземиро сепак испрати порака до оние кои ќе гласаат за престижната индивидуална награда.
„Само сакам гласачите и луѓето да видат и да разберат што направи на Светското првенство“, порача бразилскиот фудбалер.

Leave a Reply