Фудбалерот кој требаше да биде големо засилување за Вардар заврши во Украина

Жерсон Родригез брзопронајде нов ангажман по заминувањето од Вардар. Само неколку недели откако го напушти македонскиот шампион, поранешниот репрезентативец на Луксембург потпиша за украинска Зорја.

Украинскиот клуб преку социјалните мрежи официјално го потврди ангажманот на 30-годишниот фудбалер, кој во Вардар пристигна со големи очекувања, но неговата епизода во Скопје заврши многу побрзо од очекуваното.

Родригез во Вардар помина само три месеци, а за тоа време одигра вкупно шест натпревари во сите конкуренции. Неговиот учинок беше самоеден гол и една асистенција.

Фудбалерот во Зорја пристигнува како слободен играч, без обештетување, откако претходно го раскина договорот со најтрофејниот македонски клуб.

Украина за Родригез не е непозната средина. Тој веќе има искуство со фудбалот во оваа земја, бидејќи во минатото го носеше дресот на Динамо Киев.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *