Селекторот на швајцарската фудбалска репрезентација, Мурат Јакин, го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните натпревари во Лигата на нациите, меѓу кои е и дуелот со Македонија.
Швајцарците новото издание на Лигата на нациите ќе го започнат токму во Скопје, а Јакин за овој циклус повика исклучително искусен состав.
На списокот се најдоа неколку големи имиња, предводени од капитенот Гранит Џака. Во составот се и Рикардо Родригез, Брил Емболо, Мануел Аканџи, Ремо Фројлер и уште низа квалитетни репрезентативци со големо меѓународно искуство.
Македонија и Швајцарија ќе ги одмерат силите на 26 септември од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Интересно е што овие две селекции досега никогаш не се сретнале во официјален или пријателски натпревар, па дуелот во Скопје ќе биде прв меѓусебен натпревар во историјата.


Leave a Reply