УЕФА го промени системот на Лигата на Нации, еве што тоа значи за Македонија

Европската фудбалска федерација уште во мај најави дека од сезоната 2028/29 Лигата на нации ќе претрпи значителни промени. Наместо досегашните четири лиги, ќе има три, во кои ќе бидат распределени по 18 репрезентации.

Токму поради планираната промена, Извршниот комитет на УЕФА вчера го одобри новиот систем на промоција и испаѓање за сезоната 2026/27.

Промените се особено интересни за Македонија, која во новата сезона ќе настапува во Лига Б. Победниците во групите од оваа лига ќе обезбедат директна промоција во Лига А, додека второпласираните ќе добијат шанса преку бараж.

Во баражите ќе учествуваат второпласираните од Лига Б, кои ќе се соочат со двете најслабо третопласирани и двете четвртопласирани репрезентации од Лига А.

Добра вест за селекциите од Лига Б е и тоа што нема да има директно испаѓање. Четирите последнопласирани репрезентации ќе играат бараж против второпласираните селекции од Лига Ц за опстанок во повисокиот ранг.

Промени се планираат и во квалификациите за европските и светските првенства. Тие ќе бидат поделени во две лиги – Лига 1 и Лига 2.

Во Лига 1 ќе бидат 36 репрезентации од Лига А и Лига Б во Лигата на нации, поделени во три групи со по 12 селекции. Секоја репрезентација би одиграла по шест натпревари.

Останатите 18 или 19 репрезентации ќе ја сочинуваат Лига 2, која би функционирала по сличен принцип како Лига Ц во Лигата на нации.

УЕФА најави дека конечниот предлог за новиот формат треба да биде разгледан и одобрен на следниот состанок на Извршниот комитет во септември. Повеќе детали се очекуваат во наредните денови.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *