Вардар го има третиот најубав гол во ЛШ! (Видео)

Ракометарите на Вардар по петгодишна пауза повторно заиграа во Лигата на шампионите, но камбекот во елитното европско натпреварување го започнаа со пораз. „Црвено-црните“ синоќа загубија со 33-31 на гостувањето кај силниот Мелсунген, но со прикажаната игра покажаа дека можат рамноправно да се носат и со екипи кои важат за фаворити.

И покрај поразот, Вардар остави позитивен впечаток и најави дека нема да биде само учесник во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Новото засилување на вардарци, Мохад Абделхак, одигра одличен натпревар и постигна пет гола. Еден од неговите погодоци се најде и во изборот за петте најдобри голови во Лигата на шампионите. Абделхак со својата реализација покажа дека ќе биде сериозно оружје во нападот на Вардар во продолжението од сезоната.

https://www.slobodenpecat.mk/vardar-tesno-porazen-od-melsungen-vo-ligata-na-shampionite/

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *