Комити денеска ќе испратат јасна порака до управата на Вардар! (Фото)

by

in

Денеска се играат преостанатите два натпревари од шестото коло во Првата фудбалска лига, а во фокусот ќе биде натпреварот во кој Вардар ќе го пречека Арсими, а покрај овој дуел во Струга гостува и Силекс каде што исто така се очекува интересен дуел.

Причината поради која поголемо внимание привлекува натпреварот на Вардар е ситуацијата помеѓу управата и навивачите на најтрофејниот македонски клуб.

Имено, „Комити“ најавија дека за последен пат денеска ќе се појават на трибините со цел да испратат силна порака за промена на комплетното раководство предводено од Миленко Неделкоски.

Во изминатите денови тие преку акции низ главниот град исто така го изразуваа незадоволството поради начинот на кој во овој момент се води Вардар. По овој дуел навивачите порачаа и дека нема да бидат на трибините на фудбалскиот клуб додека не дојде до смена и во иднина ќе се фокусираат само на поддршка на ракометарите.

Натпреварот помеѓу Вардар и Арсими се игра во 19:00 часот, додека Струга и Силекс се среќаваат претходно од 16:00 часот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *