Штутгарт стигна до убедлива победа од 4-1 против Келн во второто коло од Бундеслигата, со што ја запиша првата победа во новата сезона.
Дуелот беше одбележан и со вистинска мајсторија во самиот финиш. Џош Вагноман во 90. минута постигна спектакуларен гол и ги постави конечните 4-1.
Германскиот дефанзивец одлично ја дочека топката и без да чека, со прецизен удар од прва ја смести во мрежата. Голманот на Келн беше целосно немоќен да го спречи овој одличен погодок.

Leave a Reply