Ѓоковиќ се враќа на местото на успехот – 29 победи, 0 порази и шест титули!

by

in

Новак Ѓоковиќ по пауза од 11 години повторно ќе биде дел од турнирот во Пекинг, каде што во минатото имаше исклучително успешни настапи.

Ѓоковиќ во Пекинг освои шест титули во исто толку настапи, без да загуби ниту еден меч. Во 2009, 2010, 2012, 2013, 2014 и 2015 година го освојуваше трофејот во Пекинг.

Последниот негов настап во Пекинг беше во 2015 година, кога во финалето без поголеми проблеми го совлада Рафаел Надал и ја освои шестата титула.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *