Македонија го избра составот за натпреварот со Австрија!

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација ги завршува последните подготовки пред првиот натпревар од втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година.

Избраниците на селекторот Хозе Мариа Берокал в недела ќе гостуваат во Виена, каде ќе се соочат со селекцијата на Австрија. Натпреварот во „Спорт Арена Виена“ е првиот предизвик за Македонија во новата фаза од претквалификациите.

По пристигнувањето во австриската престолнина, македонските репрезентативци веднаш продолжија со подготовките и работеа во салата во која ќе се одигра неделниот натпревар. Фокусот е насочен кон тактичката подготовка и анализата на противникот, со желба Македонија на најдобар можен начин да го отвори новиот квалификациски циклус.

Ростерот на Македонија за дуелот со Австрија

Ненад Димитријевиќ
Виктор Ташовски
Виктор Ефремовски
Војдан Стојановски
Лука Стојановски
Адем Мекиќ
Стојан Ѓуроски
Лејсон Зеќири
Валмир Какруки
Резарт Мемед
Тома Стојаноски
Мозес Рајт

Македонија во Виена патува со јасна цел – да прикаже добра игра и да дојде до посакуваниот резултат на стартот од втората рунда од претквалификациите.

Дуелот меѓу Австрија и Македонија ќе се одигра в недела, 30 август, во „Спорт Арена Виена“, со почеток во 16:05 часот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *