Нигериец од Кипар ќе тресе мрежи за Струга!

Струга продолжува да го засилува играчкиот кадар, а најново име во редовите на поранешниот македонски шампион е Даниел Акинлосоту од Нигерија.

Акинлосоту во Струга пристигнува од кипарскиот Монмерексе, каде што настапуваше во претходниот период. Во кариерата има и искуство од Турција, каде што го носеше дресот на Аланијаспор.

Стружани имаат одличен старт на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. По првите три кола освоија седум бода и моментално се наоѓаат на третата позиција на табелата.

Со ангажманот на Акинлосоту, Струга добива уште една опција во составот во продолжението од сезоната.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *