Вардар почна нов серијал посветен само на навивачите: Во пораз и победа, за љубовта наша голема! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар 1961 започна нов серијал под наслов „Љубовта наша голема“, преку кој клубот им оддава почит на навивачите кои повеќе од шест децении се дел од историјата на „црвено-црните“.

Во пресрет на новата сезона, долгогодишните симпатизери и поддржувачи на Вардар ќе ги споделуваат своите најубави спомени, моменти и емоции поврзани со клубот.

Првиот гостин во серијалот е Александар Узуновски – Узун, добро познат меѓу вардаровите навивачи по својата долгогодишна и безрезервна поддршка.

Од клубот велат дека Вардар е заедничка приказна која со години ја градат и навивачите и клубот, особено во пресрет на сезоната која носи нови предизвици и важни натпревари.

„Вардар е наш заеднички, клуб кој заедно го градиме и приказна која заедно ја пишуваме. Во пресрет на сезоната во која нè очекуваат многу битки, важно е да се слушнат приказните и ставот на оние кои секогаш и безрезервно ни ја даваат својата поддршка“, порачаа од Вардар 1961.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *