ФФМ ги објави суспензиите по дербито Вардар – Шкендија: Торес пет, Мељичи три меча!

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за санкциите по случувањата кои следеа по дербито меѓу Вардар и Шкендија во второто коло од Првата македонска лига.

Највисока казна доби фудбалерот на Вардар, Јоакин Торес, кој поради инцидентот ќе мора да паузира на следните пет натпревари.

Од другата страна, играчот на Шкендија, Анес Мељичи, е суспендиран на три натпревари.

„Торес Јоакин Едуардо, фудбалер на ФК Вардар, се казнува со забрана за настап на 5 натпревари, поради добиен црвен картон на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија. Анес Мељичи, фудбалер на ФК Шкендија, се казнува со забрана за настап на 3 натпревари, поради добиен втор жолт, односно црвен картон, на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија. „ФК Вардар се казнува со парична казна во висина од 1.000 евра, поради користење пиротехнички средства од страна на навивачката група „Комити“ на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија“, соопшти ФФМ.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *