Екипата на Тиквеш продолжува со засилувањата пред новата сезона, а најново име во составот на кавадарчани е 22-годишниот Бесар Гуџуфи.
Офанзивниот фудбалер во својата кариера ги помина сите младински репрезентативни категории на Македонија, а стигна и до настапи за селекцијата до 21 година. Потоа, Гуџуфи се определи да продолжи дa ги брани боите на Албанија.
„ГФК Тиквеш со задоволство го претставува Бесар Гуџуфи како ново засилување на црвено-белите! Млад, талентиран и гладен за успех, Бесар пристигнува во Кавадарци подготвен за нов предизвик и ново поглавје во својата кариера. Неговото доаѓање е уште еден чекор во нашата визија – да изградиме млад, амбициозен и конкурентен Тиквеш, со играчи кои сакаат да напредуваат и заедно со клубот да достигнат повисоко ниво“, стои во соопштението на Тиквеш.
Гуџуфи во Тиквеш пристигнува како слободен фудбалер, откако претходно го раскина договорот со албански Партизани.

Leave a Reply