Реал Мадрид продолжува со амбициозниот проект за создавање на тимот на иднината, а денеска го потврди трансферот кој ќе остане запишан во историјата на клубот.
„Кралевите“ постигнаа договор со РБ Лајпциг за ангажманот на Јан Диоманде, кој станува најскапото засилување во историјата на шпанскиот гигант.
За неговите услуги Реал ќе издвои 125 милиони евра фиксна сума, а дополнително се предвидени уште 15 милиони евра преку бонуси, со што вкупната вредност на трансферот може да достигне 140 милиони евра.
Со оваа зделка, Диоманде го надминува досегашниот клупски рекорд на Џуд Белингам и станува најскапиот фудбалер кој некогаш пристигнал на „Сантијаго Бернабеу“.
Младиот фудбалер со Реал Мадрид потпиша долгорочен договор, кој ќе трае до 30 јуни 2033 година, што е јасен показател дека клубот во него гледа голема ѕвезда за иднината.

Leave a Reply