Шкендија обезбеди пласман во третото квалификациско коло од Конференциската лига, а по вечерашниот триумф над Браво од 3-1, тетовскиот клуб го доби и противникот со кого ќе се соочи во следната рунда.
На патот на Шкендија ќе застане шкотскиот Хибернијан, кој направи целосен пресврт во двомечот со косовска Малишева.
Хибернијан вечерва славеше убедливо со 4-1, со што ја надополни негативата од првиот натпревар, во кој Малишева триумфираше со 2-0. Шкотите со вкупен резултат 4-3 успеаја да се пласираат во следната фаза.
Шкендија првиот натпревар ќе го одигра на гостински терен. Првиот дуел против Хибернијан е закажан за 6 август во Шкотска, додека реваншот ќе се игра седум дена подоцна во Скопје.

Leave a Reply