Македонец ќе биде тренер на еден од најголемите словенечки клубови!

Македонскиот фудбалски стратег Југослав Тренчовски е нов тренер на Олимпија од Љубљана.

Олимпија вчера ја прекина соработката со досегашниот тренер Мишо Бречко, а раководството експресно реагираше и го избра Тренчовски за нов предводник.

Во љубљанскиот клуб македонскиот стратег ќе соработува и со нашиот напаѓач Димитар Митровски, кој е дел од составот на Олимпија.

Последниот тренерски ангажман Тренчовски го имаше во Радомље, каде што остави позитивен впечаток со резултатите што ги оствари. По заминувањето од клубот најави дека сака нов предизвик и исчекор во кариерата, а токму преземањето на Олимпија би претставувало најголемиот чекор во неговото досегашно тренерско патување.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *