Дарко Чурлинов има нов клуб!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е на чекор до нов трансфер во полската Екстракласа, каде што кариерата ќе ја продолжи во редовите на Погон Шчечин.

Полските медиуми објавуваат дека договорот меѓу двете страни е практично финализиран, а останува само да бидат завршени формалностите пред клубот официјално да го претстави македонскиот крилен фудбалер.

Чурлинов веќе има искуство од настапите во Полска, откако во сезоната 2024/25 го носеше дресот на Јагелонија Бјалисток, а сега е подготвен за нов предизвик во шампионатот, овојпат како член на Погон Шчечин.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *