Стефан Ристовски прави трансфер во Србија?

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е на чекор до нов трансфер, а според информациите од српските медиуми, својата кариера би можел да ја продолжи во редовите на Нови Пазар.

Десниот бек, кој настапува за Сараево, наводно е една од главните желби на српскиот суперлигаш. Дополнителен интерес предизвикаа шпекулациите дека во Нови Пазар би можел да пристигне заедно со искусниот Адем Љајиќ.

Локалните медиуми пренесуваат дека двајцата фудбалери веќе биле забележани во градот, што уште повеќе ги засили гласините за нивниот можен ангажман. Сепак, засега нема официјална потврда од клубовите дека трансферите се финализирани.

Ристовски во Сараево пристигна минатото лето како едно од најзвучните засилувања. Во дресот на босанскиот клуб досега забележа 36 настапи, при што постигна три погодоци и запиша една асистенција.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *