Сејдини излезе од притвор, откако дал гаранција од 1,15 милиони евра

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода откако Основниот кривичен суд во Скопје ја прифатил гаранцијата што ја понудила неговата одбрана, во вредност од над 1,15 милиони евра.

Гаранцијата е обезбедена преку хипотека на недвижен имот, а судот му го одземал и пасошот.

Сејдини е под истрага поради сомнение за сторено кривично дело „Проневера во службата“ согласно член 354 став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството го товари дека незаконски биле проневерени околу 700.000 евра.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *