Фудбалерите на Рига направиле хаос – кршеле во соблекувалната на Вардар! (Фото)

Фудбалерите на Вардар беа поразени од летонска Рига со 3:2 во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига, а по натпреварот вниманието го привлече и однесувањето на гостинската екипа надвор од теренот.

Според фотографиите од соблекувалната, играчите на Рига зад себе оставиле неред, а покрај расфрланото ѓубре, оштетен бил и дел од инвентарот. Искршени се неколку столчиња и шкафчиња, што остава лош впечаток за нивната култура и однесување.

Овој контраст е уште поочигледен ако се земе предвид претходниот европски натпревар на Вардар против КуПС. Финскиот тим тогаш ја напушти соблекувалната во речиси иста состојба во каква што ја доби, без оштетувања и со уредно оставен простор.

Во таборот на Вардар сега ќе се надеваат дека ваквиот потег на противникот ќе биде дополнителен мотив за реваншот во Летонија, каде „црвено-црните“ ќе се обидат да ја надоместат негативата и да обезбедат пласман во следната рунда од квалификациите.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *