Пуштени се во продажба билетите за натпреварот на Вардар со Рига

Македонскиот шампион Вардар ги продолжува настапите на европската сцена со дуел во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

„Црвено-црните“ на 22 јули ќе бидат домаќини на летонскиот првак Рига на Националната арена „Тодор Проески“, а почетокот на натпреварот е закажан за 20:00 часот.

Од клубот соопштија дека билетите за натпреварот веќе се пуштени во продажба и можат да се обезбедат преку онлајн платформата МК Тикетс по цена од 200 денари.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *