Вардар го совлада КуПС со 3-2 во реваншот од првото квалификациско коло во Лигата на шампиони, но не успеа да продолжи понатаму поради поразот од 0-2 на првиот меч во Скопје.
„Црвено-црните“ беа подобар противник и по низа шанси поведоа во 59. минута по автоголот на Саку Саволаинен. Во финишот од регуларниот дел Горан Закариќ реализираше пенал за 0-2 и му даде надеж на македонскиот шампион.
Во продолженијата КуПС постигна гол преку Боба Арма, но Вардар брзо одговори со погодокот на Пулеио за 1-3. Финците до крајот намалија преку Паржишек, но не успеаја да избегнат елиминација.
Вардар ја завршува европската приказна во ЛШ, но продолжува во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, каде ќе го чека поразениот од дуелот Арарат – Рига.

Leave a Reply