Македонскиот шампион ФК Вардар утре ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите против финскиот Куопион ПС, а тренерот Кристијан Фабијани го најави дуелот со оптимизам по завршените подготовки во Италија.
Фабијани истакна дека е задоволен од сработеното во подготвителниот период, иако призна дека времето за целосно воигрување било ограничено по неговото доаѓање во клубот.
„Конечно дојде моментот кој го чекавме по подготовките во Италија и сите со нетрпение чекаме да излеземе на терен. Задоволен сум од работата во овој период, иако сум кратко во клубот и немавме доволно време за подолга подготовка. Нè очекува противник кој е во натпреварувачки ритам, добро организиран тим кој знае да игра со топка. Ние ќе се обидеме да извршиме притисок на нивната половина и да одиграме на највисоко ниво“, изјави Фабијани.
Тој додаде дека тимот е подготвен, а конечниот избор на стартната постава ќе зависи од моменталната форма на играчите. Според него, Вардар сè уште не е на максимално ниво, но очекува напредок во периодот што следи.

Leave a Reply