Поранешен фудбалер на Шкендија и Металург може да заигра во Серија А!

by

in

Поранешниот фудбалер на Шкендија и Металург, Меритон Кореница, е на чекор до најголемиот трансфер во својата кариера. Според информациите на италијанските медиуми, сериозен интерес за косовскиот репрезентативец покажува Монца, која би можела да го ангажира во текот на летниот преоден рок.

Кореница во македонскиот фудбал пристигна во 2015 година, кога од Раховечи потпиша за Шкендија. По една сезона беше испратен на позајмица во Металург, а по враќањето во тетовскиот клуб не се задржа долго и кариерата ја продолжи во Лирија.

Во следните години настапуваше за Приштина, Балкани и турската Маниса, пред во 2024 година да се пресели во романскиот Клуж. Токму добрите игри во дресот на романскиот тим во изминатата сезона го привлекоа вниманието на Монца, клуб кој има амбиции да го засили својот состав и, според италијанските медиуми, го гледа Кореница како едно од потенцијалните засилувања.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *