Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди место во финалето на турнирот во Скопје, откако по голема борба го совлада Бугаринот Јанаки Милев со 2-1 во сетови (6-4, 2-6, 7-5).
Ивановски го освои првиот сет со брејк во завршницата, додека Милев возврати убедливо во вториот и го израмни резултатот. Решавачкиот трет сет донесе неизвесност до самиот крај, а македонскиот тенисер ги спаси двете меч-топки на противникот, потоа направи брејк и со сигурен сервис го завери триумфот.
Во финалето, Ивановски ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Владислав Орлов и Стефан Поповиќ.

Leave a Reply