Јапонскиот ракометар Косуке Јасухира повторно ќе го носи дресот на ГРК Охрид, објави клубот преку своите официјални канали.
Од охридскиот клуб соопштија дека, иако управата направила сè за да го задржи миленикот на навивачите и за претстојната сезона, тоа не било возможно. Сепак, постигнат е договор Јасухира да се врати во Охрид од сезоната 2027/2028, со договор на најмалку две сезони.
„Среќен сум што само по една сезона ќе се вратам во клубот со кој го освоив првиот европски трофеј. Рибари и охриѓани, се гледаме за кратко и заедно ќе атакуваме на уште многу титули“, изјави Јасухира.

Leave a Reply