Ивановски: Настапот на Лина на Вимблдон е инспирација и за мене!

by

in

Калин Ивановски на денешната прес-конференција по повод  Macedonian Open зборуваше и за настапот на Лина Ѓорческа на Вимблдон.

Калин не криеше дека историскиот настап на Ѓорческа е инспирација и за него.

„Лина и нејзиниот пласман на Вимблдон секако и моја цел е да се пласирам на Вимблдон. Едноставно Лина ми дава инспирација и ако сум здрав верувам дека следната година ќе настапам, барем во квалификациите. Вимблдон е еден од најдобрите турнири. Јас кога игарв на јуниорскиот ми се исполни сонот и целта ми е да настап и на сениорски турнир и навистина тоа е голем турнир и со тоа успех на Лина и мислам да направи резултат“, изјави на прес конференцијата Калин Ивановски.

Инаку, Ивановски на Вимблдон настапи во младинска конкуренција во 2022 година.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *