Лина испиша историја, ќе игра на Вимблдон!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја потврди одличната форма во која игра во последниот период со најголемиот успех во својата кариера, пласман на главниот турнир на Вимблдон.

Ѓорческа денеска во третото квалификациско коло одигра фантастичен меч и ја прегази Италијанката Бронзети која е 127. тенисерка во светот и важеше за фаворит.

Мечот за Ѓорческа не тргна најдобро и го загуби својот сервис во првиот гем, но потоа следуваше вистинска доминација. Македонската тенисерка ги освои наредните шест гема и со 6-1 поведе со 1-0 во сетови.

Во вториот сет Ѓорческа беше сигурна на свој сервис и не дозволи да го изгуби, а сетот го освои со 6-2 за најголема победа во кариерата.

Пласманот на Ѓорческа на Вимблдон е голем успех воопшто за македонскиот тенис затоа што за првпат во нашата историја ќе имаме претставник во сингл конкуренција на еден грен-слем турнир.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *