Големото засилување на Вардар прослави роденден во Норчија

На подготовките во Норчија вардарци имаа причина и за мало славје, роденден прослави новото засилување, Жерсон Родригес.

Фудбалерот кој пристигна во Вардар ова лето со големи очекувања им се обрати на соиграчите истакнувајќи задоволство што има можност да го носи дресот на најтрофејниот македонски клуб, а тие му возвратија со аплауз.

Родригес во Вардар дојде како слободен фудбалер откако му заврши ангажманот на Тајланд, претходно во еден период од кариерата беше дел и од Динамо Киев.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *