Јувентус тргнува по потписот на Елмас!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и во новата сезона би можел да остане дел од италијанскиот фудбал, иако по завршувањето на позајмицата се врати во редовите на Лајпциг.

Германските медиуми веќе подолго време најавуваат дека Елмас не е во плановите на бундеслигашот, а најновите информации го поврзуваат со трансфер во Јувентус.

Според познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, тренерот Лучано Спалети лично инсистирал раководството на торинскиот гигант да се обиде да го ангажира македонскиот фудбалер. Спалети и Елмас успешно соработуваа во Наполи, па италијанскиот стратег и натаму има високо мислење за неговите квалитети.

Доколку трансферот се реализира, Елмас повторно ќе заигра во Серија А, каде што покрај Наполи во минатото настапуваше и за Торино, градскиот ривал на Јувентус.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *