Екипата Силекс ќе ги одмери силите со белорускиот шампион Динамо Минск во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.
Првата средба меѓу двата тима е закажана за 9 јули и формално домаќин ќе биде Динамо Минск. Сепак, натпреварот нема да се игра во Белорусија, туку на неутрален терен во Бугарија. Реваншот е предвиден за една недела подоцна, на 16 јули.
Белоруските клубови и национални селекции веќе повеќе од три години не можат да ги организираат своите европски натпревари на домашен терен. Ограничувањето е во сила од март 2022 година, согласно одлуката на УЕФА.
Според правилата на европската фудбалска федерација, белоруските екипи можат да бидат домаќини само на неутрални стадиони и без присуство на гледачи.

Leave a Reply