Португалскиот стратег Рубен Аморим е сè поблиску до преземање на тренерската функција во Милан, откако наводно ги прифатил сите услови што му биле претставени во разговорите со италијанскиот гигант.
Според последните информации, поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед покажал подготвеност да го прифати понудениот договор без дополнителни барања, со што значително ги зголемил шансите да седне на клупата на „росонерите“.
Во трката за нов тренер на Милан се споменуваше и името на Матијас Јаисле, но во моментов Аморим се смета за фаворит за оваа позиција. Наводно, португалскиот стручњак е подготвен веднаш да ја преземе работата и го очекува конечниот сигнал од раководството на клубот.

Leave a Reply