Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на денешниот брифинг со новинарите се осврна и на статусот на новите прволигаши Шкендија Арачиново и Скопје пред стартот на новата сезона.
Омерагиќ потенцираше дека двата клуба ќе мора да ги исполнат сите критериуми предвидени со правилникот за лиценцирање доколку сакаат да настапуваат во Првата македонска фудбалска лига.
„До Скопје и Шкендија Арачиново веќе се испратени известувања и тие во најкус можен рок треба да ја завршат постапката за лиценцирање. Не станува збор за одлука на ФФМ, туку за обврски кои произлегуваат од важечките прописи и мора да се почитуваат“, изјави Омерагиќ.
За разлика од овие два клуба, Брегалница не беше спомената во овој контекст, што укажува дека штипскиот тим најверојатно ги завршил потребните процедури за добивање лиценца и нема пречки за настап во елитното друштво.

Leave a Reply