Пелистер потпиша со млад хрватски репрезентативец!

—

by

in

Екипата на Еурофарм Пелистер продолжува да го гради тимот за иднината, откако ги обезбеди услугите на младиот хрватски ракометар Диего Басанесе.

Станува збор за 18-годишен десен бек и член на младинските селекции на Хрватска, кој во Битола пристигнува од редовите на Умаг. Басанесе важи за еден од перспективните хрватски таленти, а зад себе веќе има и значаен успех со кадетската репрезентација, со која освои медал на Медитеранските игри.

Од битолскиот клуб соопштија дека Басанесе потпишал четиригодишен договор и ќе биде дел од тимот во наредниот период.

„Пелистер ја информира јавноста дека нов член на нашиот клуб е младиот хрватски репрезентативец Диего Басанесе. Тој игра на позицијата десен бек и доаѓа со одлични препораки од хрватската ракометна јавност. Басанесе потпиша четиригодишен договор со Пелистер и официјално ќе биде претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27“, соопштија од клубот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *