Трагичната загуба на 13-годишниот Аган од кумановското село Черкези, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа додека управувал електричен тротинет, ја потресе целата македонска јавност.
Неколку дена по несреќата, младиот фудбалер Давид од ФК Еуроспорт постигна погодок и емотивно му го посвети на својот врсник, испраќајќи порака која допре до многумина.
Оваа приказна деновиве доби и посебно продолжение. Семејството на Аган го посети Давид во неговиот дом, каде што се сретнаа со него и неговото семејство во атмосфера исполнета со емоции и почит.
Како симболичен гест и спомен на прерано згаснатиот живот, семејството на Аган му ја подари на Давид топката што му припаѓала на нивниот син, оставајќи силна порака за пријателството, спортот и спомените кои продолжуваат да живеат.

Leave a Reply