ФФМ го казни Вардар скандалозната прослава!

—

by

in

исциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му изрече висока парична казна на ФК Вардар поради однесувањето по освојувањето на шампионската титула, како и случувањата на последниот првенствен натпревар.

Повод за санкцијата е видео-снимка која се појави во јавноста по прославата во Струга, а на која се гледа, според оценката на ФФМ, несоодветно однесување на фудбалерите за време на славјето.

Покрај тоа, „црвено-црните“ се соочуваат и со дополнителни последици поради употреба на пиротехнички средства на средбата против Шкендија во рамки на 33. коло.

Од ФФМ информираа дека Вардар е казнет со 15.000 евра поради навредливо скандирање од трибините и недолична прослава на титулата од страна на играчите, додека воедно е отворена и дисциплинска постапка поврзана со пиротехниката употребена на дуелот со тетовскиот тим.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *