Во Охрид имало сериозни проблеми – навивачи со купени билети останале пред сала!

by

in

По еуфоријата од историското финале во ЕХФ Европскиот куп меѓу ГРК Охрид и Татабања, на површина излегоа сериозни реакции за организацијата на натпреварот, откако дел од навивачите тврдат дека, и покрај купени билети, не успеале да влезат во салата „Билјанини извори“.

Според сведоштва и реакции на социјалните мрежи, на дел од трибините место зазеле лица без влезници, додека навивачи со уредно купени билети останале пред вратите и без можност да го проследат мечот во живо.

Од ГРК Охрид денеска информираа дека ќе следува рефундација за сите кои имале купен билет, но не успеале да влезат во салата.

„За тие што не успеаа да влезат во сала со купени карти, во петок од 17:00 до 19:00 ќе се врши рефундација на средства на билетарата при СРЦ „Билјанини извори““, соопшти клубот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *