Македонија претрпе тежок пораз од Турција

by

in

Македонската фудбалска репрезентација претрпе убедлив пораз од Турција (4-0) на пријателскиот натпревар одигран на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул.

Турските фудбалери уште од самиот старт направија притисок на нашата половина, веќе во втората минута поведоа со голот на Кокчу.

Откако непотребно загубивме топка во средниот ред, домаќинот направи брза контра во 16 минута во која предноста беше зголемена преку Узун по асистенцијата на Елмали.

Турција продолжи да доминира и во 53. минута стигна до трет гол. По нафрлувањето на Џан Узун, Дениз Гул најдобро се снајде во шеснаесетникот и со глава ја испрати топката во мрежата.

Во продолжението Арда Ѓулер создаде уште една голема можност, а конечните 4-0 беа поставени во 70. минута. По одлична тимска акција и асистенција од Кахвечи, Јилмаз рутински ја заврши работата и ја потврди убедливата победа на Турција.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *