Младиот македонски ракометар Димитар Узунчев е на чекор до голем трансфер во словенечки Целје, клуб со богата европска традиција и поранешен шампион на Европа.
Дваесетгодишниот десен бек, кој е висок 185 сантиметри, зад себе има одлична сезона во дресот на Бутел Скопје, каде со своите настапи успеа да го привлече вниманието на повеќе клубови.
Узунчев важи за еден од најталентираните млади ракометари во Македонија. Во својата досегашна кариера настапуваше и за Алкалоид и Мулти Есенс, а беше стандарден член и на младинските репрезентативни селекции.
Евентуалниот трансфер во Целје би бил значаен исчекор за младиот македонски репрезентативец, особено ако се земе предвид реномето и традицијата што словенечкиот клуб ја има на европската ракометна сцена.

Leave a Reply